Услови на употреба

 Последна промена на 18.04.2022

УСЛОВИ НА УПОТРЕБА

Добрејдовте на веб сајтот Grouper.мк Со негово користење Вие се согласувате со  овие Услови на употреба (како што се дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се. 

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА

ВЕБСПОТ ДООЕЛ Скопје, го поседува и менаџира сајтот www.grouper.mk ("Grouper", "ние", "наше" или "нас") и неговите мобилни апликации и верзии. Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие ("Вие" или " Корисник") се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени. Политиката за приватност и заштита на лични податоци заедно со овие Услови на употреба и Условите за користење, збирно се нарекуваат Услови на употреба.  

АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ГИ КОРИСТЕТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ GROUPER МК, НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА, НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА НА КУПОНИ ЗА ПРОИЗВОДИ ИЛИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.

Условите на употреба се организирани на следниот начин:

1. За веб сајтот

2. Сопственост на веб сајтот

3. Употребување на сајтот

4. Регистрација и најава на сајтот

5. Пристап до сајтот

6. Измена на Условите на користење

7. Вашиот профил

8. Опрема за употреба на сајтот

9. Кодекс на однесување на Корисникот

10. Вашата приватност

11. Услови на купување

12. Специјални програми

13. Авторски права и трговска марка

14. Корисничка содржина

15. Непосакувани идеи

16. Политика на авторско право

17. Општи услови за гаранција

18. Ограничување на одговорноста

19. Електронска комуникација

20. Содржина на трети лица

21. Надоместок на штети/ослободување

22. Виша сила

23. Целосен договор

24. Применлив закон и надлежен суд

1. За веб сајтот

Grouper овозможува интерактивна онлајн услуга преку веб-страната на домеинот grouper.mk, со кој дејствува фирмата ВЕБСПОТ ДООЕЛ Скопје. Преку сајтот "Grouper.mk" одредени компании ("Продавачи") продаваат ваучери за услуги, производи или патувања. Продавачите се продавачи и издавачи на Grouper ваучерите. Единствено продавачот е одговорен пред Вас како Корисник за квалитетот на услугите и производите кои ги нуди и продава. Сите понуди и цени на сајтот може да се променат во било кое време, без претходно известување. Сите цени се со вклучен ДДВ.

2. Сопственост на веб сајтот

Сајтот, целата содржина на сајтот и инфраструктурата која се користи за да го направи сајтот достапен се = сопственост на Вебспот ДООЕЛ Скопје. ,. Со користење на овој сајт Корисникот се согласува со сите правила и услови изнесени  во правлата и политиките објавени на веб страната, особено: (a) Grouper Ви овозможува лимитирана, лична, непреносилива, не-ексклузивна лиценца за да го користите сајтот во согласност со овие Услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од Grouper; и (б) Вие како Корисник се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или производи или услуги добиени преку сајтот без претходно одобрување од Grouper.

3. Употребување на сајтот

Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:

  • Имате најмалку 18 години

  • Сте  правно способни да направите правна обврска

  • Не Ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи

  • Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации

  • Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба и другите политики на Гупер

  • Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда

  • Ќе вршите купувања само за Ваша лична употреба или за подароци на пријатели

  • Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци

  • Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време

  • Ќе купувате само од понудите на Продавачите преку сајтот со креирање на профил на сајтот и било кое купување ќе биде предмет на Условите за купување, образложени подолу во овие Услови за употреба

  • Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување

4. Регистрација и најава на сајтот

Доколку сакате да се регистрирате како корисници на www.grouper.mk истото може да го направите со кликање на копчето "Регистрирај се" со внесување на своја емаил адреса и лозинка. Друга опција е да се регистирате со опцијата логин со Facebook или логин со Google. При регистрација потребно е задолжително согласување со условите за употреба и Политиката за приватност и заштита на лични податоци. Доколку не се согласувате не продолжувајте со процесот на регистрација. Доколку сакате да добивате дневни емаил известувања постои не-задолжителна опција "Дали сакате да добивате промотивни емаил известувања?" каде треба да одберете Check Box "Да" или "Не" доколку сакате или не сакате да добивате дневни емаил известувања. 

При секое наредно логирање потребно е да го внесете својот емаил и лозинка за да се логирате. Доколку се логирате со Facebook или Google потребно е само да кликнете на копчето логин со Facebook или Google.

По успешната најава можете да пристапите до веб сајтот и да ги користи сите функционалности кои се достапни за корисниците.

Информациите кои ги споделувате при регистрација се користат во согласност со Политиката за заштита на податоци на овој линк.

5. Пристап до сајтот

Grouper го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Корисникот признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Grouper, и Grouper не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на Grouper е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и прифаќате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Grouper, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

Grouper има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

6. Измена на Условите на користење

Grouper го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење, Условите за Употреба и/или од Политиката за приватност и заштита на лични податоци, Политиката за колачиња, како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако Grouper прави било какви суштински промени, ние ќе Ве известиме со испраќање на e-mail, на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила  веднаш со известувањето е Овие промени нема да важат за ваучери купени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Ако не се сложувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на сајтот по промената на условите. Овие промени ќе бидат важечки за новите корисници на нашиот сајт и за сите ваучери купени од страна на таквите нови корисници. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на  Корисникот ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на Корисникот на тие измени.

7. Вашиот профил

Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб сајтот за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека Grouper нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи сајтот преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде остранет заедно со Вашите средства кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци. 

Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на Употреба може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ги губи купените ваучери, без разлика дали се употебени и средствата кои се наоѓаат на истиот. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме било која опција од Нашиот сајт, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на сајтот. 

8. Опрема за употреба на сајтот

Корисник е одговорен за снабдување и одржување со телефонска опрема, компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој сајт и сите трошоци поврзани со тоа. Grouper не е одговорен за било каква штета на опремата на Корисникот како резултат од користењето на овој сајт.

9. Кодекс на однесување на Корисник

Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.

Следните активности се забранети на сајтот и означуваат кршење и непочитување на Условите на Употреба:

Поставување било каква содржина на сајтот која:

  • Ги крши применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета);

  • Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации;

  • Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети;

  • Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;

  • Има ефект на наметнување на другите;

  • Содржи пораки од неовластени лица од Grouper, кои наводно зборуваат во име на Grouper или даваат доверливи информации поврзани со Grouper;

  • Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци; или

  • Е заштитена со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост

Обидот да се направи или всушност да се направи било што од од следното:

  • Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап;

  • Скенирање или следење на сајтот со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци;

  • Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на сајтот или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или

  • Мешање во употребата на сајтот на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на сајтот обид да се направи преоптоварување со "спам", или да се напраив прекин на сајтот.

Употреба на било кое од следното:

  • Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од сајтот без наша писмена дозвола;

  • Било која содржина од сајтот, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои мета таговите или било кој друг "скриен текст" техники и технологии без наша писмена дозвола;

  • Сајтот или било која негова содржина за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, со Grouper; или

  • Сајтот или било кој од неговите ресурси за да придобие корисници, трговци или други трети страни да станат корисници или партнери на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со Grouper, вклучувајќи, без ограничување, собирање тековни или претходно понудени понуди.

Собирање на било кои од следните наведени работи:

  • Содржина од сајтот, вклучувајќи, но не и ограничена на тековните или претходните понудени промотивни понуди на сајтот и потоа прикажување на корисниците на таква содржина на било кој начин со цел да се пренасочат корисниците од сајтот кој друг трета страна, без наша писмена дозвола;

  • Лични податоци (дефинирани во Политиката за заштита на лични податоци), Корисничка содржина (дефинирана во точка 13 подолу) или содржина од било кој корисник или Продавач.

Вклучување во било која од следните активности:

  • Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, страница или област на сајтот или на било кои функции или услуги обезбедени од страна на Grouper;

  • Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;

  • Препродавање на било кои купувања направени преку сајтот;

  • Надминување или обидување да се надмине горната граница на одобрена количина на ваучери кога се врши купување на понудите, или на друг начин користење на било кој Grouper профил за да се купат ваучери за препродажба или за шпекулативни, лажни, измамнички или било кои други цели кои се изречно забранети во овие Услови на употреба и условите на конкретната понуда на сајтот;

  • Пристапување, следење или копирање на било која содржина од сајтот, користење на било кој "робот", "пајак", или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола;

  • Агрегирање и прикажување на било кои актуелни или претходни понуди или содржина или други информации од сајтот (без разлика дали користите линкови или други технички средства или физички записи поврзани со купувања направени преку сајтот), со материјали од други сајтови без наша писмена дозвола;

  • Длабоко поврзување со кој било дел од сајтот (вклучувајќи, без ограничување, патеката за купување за секој ваучер) без наша писмена дозвола;

  • Поврзување до сајтот од било кој друг веб-сајт без наша почетна и тековна согласност; или

  • Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на Grouper, нашите продавачи или нашите услуги.

10. Вашата приватност

Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за приватност и заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на приватност е содржана во овие Услови на употреба, а истата може да ја пристапите тука.

11. Услови на купување

Со купување или добивање на било која понуда на сајтот обезбедена од било кој Продавач, Вие се согласувате со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување, достапни тука.

12. Специјални програми

Со учествувањето во било која програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од Grouper Вие се согласувате со овие Услови на употреба.

13. Авторски права и трговска марка

Сајтот содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други права од интелектуална сопственост и сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт (“grouper”) е во ексклузивна сопственост на ВЕБСПОТ ДООЕЛ Скопје. Grouper има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. Grouper има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите од фотографер на Grouper. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ САЈТ ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ, ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД ВЕБСПОТ ДООЕЛ Скопје Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Секое прекршување на оваа Политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе Корисникот до граѓански и/или кривични казни. 

Корисникот не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на овој сајт, било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. Grouper не сноси товар или одговорност, за да му даде на Корисникот индикации за да тој да научи дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка. Корисникот е одговорен за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот поднесок. Со поставувањето на материјал на било која јавна површина на овој сајт, корисникот гарантира дека сопственикот на тој материјал експлицитно му дал не-ексклузивно право и дозвола за употреба, репродукција, прилагодување, право за објавување, превод и дистрибуција на таквиот материјал на Grouper. Корисникот исто така, дозволува пристап до тој материјал од било кој друг Корисник, репродукција и чување од страна на тој корисник за лична употреба. Корисникот тука се согласува дека дава право на било кој друг корисник да го копира, модифицира, одјавува и дистрибуира било кој материјал поставен на овој сајт од страна на Корисникот.

Grouper е заштитена трговска марка на ВЕБСПОТ ДООЕЛ Скопје. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на Grouper се сопственост на нивните  креатори и сопственици. 

14. Корисничка содржина

Сајтот им овозможува на регистрирани корисници и посетители повеќе можности да ги прегледаат или постават мислења, совети, рејтинзи, дискусии, коментари, пораки, одговори и други комуникации, како и поставување на датотеки, слики, фотографии, видео, аудио снимки, музички дела и други содржини (колективно, "содржини") преку форуми, огласни табли, групи за дискусија, виртуелни простории за разговор, анкети, блогови или други комуникациски објекти кои можат да бидат понудени на, преку, или во врска со овој сајт од време на време. Може да се бара од Вас да имате Grouper профил за да може да поставите содржина.

Ако поставите било какви содржини, гарантирате дека: (а) Вие сте ​​креаторот на содржините; или (б) ако делувате во име на креаторот, дека имате (i) изречна солгасност од креаторот, да поставувате и променувате содржин, и (ii) сите права неопходни за доделување на лиценци во овие Услови за користење. Понатаму гарантирате (или, ако се делува во име на креаторот на содржини, сте го увериле креаторот дека изјавува и гарантира) дека споделувањето на содржини за целите кои сте ги одбрале не прекршуваат авторски права, трговски марки или други права на интелектуална сопственост или права на трети страни, вклучувајќи ги и правата на публицитет или приватност. Вие гарантирате дека нема да поставувате, испраќате, пренесувате или на друг начин ставате на располагање содржини што се незаконски, штетни, заканувачки, навредливи, расистички, порнографски, непристојни, насилни, невистинити, клевети, инвазивни на приватноста на друго лице или штетни за било која трета страна; или ако содржините содржат било каков материјал кој крие вируси или било кој друг компјутерски кодови, фајлови или програми дизајнирани да се прекине, уништи или ограничи функционалноста на било кој софтвер или на компјутерска опрема.

Grouper има единствено и апсолутно право, но не и обврска, да ги прегледа, промени, постави, да одбие објавување, да отстрани, да ги следи корисничките содржини и да ги открива содржините и околностите на нивниот пренос на било која трета страна, во било кое време, од било која причина, вклучувајќи да се утврди усогласеноста со овие Услови на употреба и сите оперативни правила воспоставени од страна Grouper, како и да ги задоволи сите применливи закони, регулативи или овластени владини барањa. Без ограничување на горенаведеното, Grouper има право да ги отстрани било кои содржини од заедници или било кој друг сајт под контрола на ВЕБСПОТ, во својата единствена и апсолутна дискреција. Grouper не превзема никаква одговорност за било кои содржини или други информации кои се појавуваат или се отстранети од сајтот или на друго место. Grouper нема обврска да ги користите корисничките содржините и може да не го прави тоа воопшто.

Во некои случаи и од време на време, може да биде достапно да менувате или отстранувате содржини доставени или испратени преку вашиот профил. Grouper не дава никаква гаранција дека корисничката содржина која сте ја менувале или отстраниле ќе биде изменета или отстранета од сајтот или на друго место, или дека содржините ќе престанат да се појавуваат на интернет, во пребарувачите, социјалните медиуми, или на друга форма, медиум или технологија.

Кориснички содржини од јавна природа

  • Вие разбирате и се согласувате дека корисничката содржина е јавна. Сите дискусии за рејтингот, коментари, огласни табли, виртуелни простории за разговор и / или други пораки или средствата за комуникација се јавни, а не приватни пораки, и според тоа, другите може да ги прочитаат комуникациите. Секое лице (без разлика дали е или не е корисник на услугите на Grouper) може да ги прочита Вашите содржини без Ваше знаење. Ве молиме да не вклучувате какви било лични информации во Вашите содржини, освен ако не сакате тие да бидат јавно објавени. Grouper не е одговорен за употреба или откривање на какви било лични информации кои виe ги објавувате како корисничка содржина.

  • Било која содржина од било кој вид направена од вас или било која трета страна е направена од страна на соодветниот автор(и) или дистрибутер(и), а не од страна на Grouper. Другите корисници може да постават содржини кои се неточни, погрешни или измамнички. Grouper не ja поддржува и не е одговорен за било која корисничка содржина, и нема да да биде одговорен за било каква штета или загуба предизвикана од Ваше потпирање на таквата содржина. Корисничката содржина го одразува мислењето на подносителот на истата, а не мислењето на Grouper. Grouper не ги контролира или одобрува било кои поставени содржини, и посебно се оградува од секаква одговорност во врска со Вашиот придонес кон, користење на или потпирање на било која корисничка содржина и какви било дејства кои произлегуваат од учеството во било кој дел на сајтот, вклучувајќи ги сите несоодветни и непристојни кориснички содржини.

Одобрување/лиценцирање

  • Некои кориснички содржини кои ги оставате на Grouper може да бидат прикажани или може да ви биде дадена опција да се прикажат заедно со вашите лични информации, или дел од Вашите лични информации, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на вашето име, иницијали, корисничко име, корисничко име на социјална мрежа, слика, допаѓања, преференци, глас и локација. Вие му давате на Grouper бесплатно, неповратно, неотповикливо, не-ексклузивно, преносливо, важечко низ целиот свет право на користење, прикажување, дистрибуција, понуда за продажба и продажба на лични информации поврзани со вашите содржини, без разлика дали содржините се појавуваат самостојно или како дел од други работи, како и во било која форма, медиум или технологија, дали сега познат или во понатамошниот период развиен, без надоместок за Вас. Сепак, Grouper нема да има обврска да ги користи Вашите лични информации во врска со било која корисничка содржина. 

  • Што се однесува на врската помеѓу Вас и Grouper, Вие го задржувате сопственичкото право над содржината која ја поставувате. Во секој случај, со оставањето корисничка содржина на сајтот Вие му давате на Grouper бесплатно, неповратно, неотповикливо, не-ексклузивно, преносливо, важечко низ целиот свет право на користење, прикажување, дистрибуција, понуда за продажба и продажба на лични информации поврзани со вашите содржини, без разлика дали содржините се појавуваат самостојно или како дел од други работи, како и во било која форма, медиум или технологија, дали сега познат или во понатамошниот период развиен, да ги користи сите без надоместок за Вас. Ви му давате на Grouper морално право и сите други права кои може да ги имате согласно законите, а кои произлегуваат од авторство на содржината или интегритетот на материјалите во врска со Вашата поставена корисничка содржина. Лиценцата на Grouper за употреба на корисничката содржина или личните податоци поднесени со неа, вклучува, но не е ограничена на користење на истата за рекламирање, маркетинг, промоции, истражување на пазарот, овозможување фидбек на продавачите, контрола на квалитет и за други законски цели.

  • Како што беше претходно наведено, оставање корисничка содржина е дозволено само за лица над 18 години. Сајтот е наменет и дизајниран за возрасни лица. Со оставањето содржина на Grouper Вие потврдувате дека сте полнолетни. Ние веднаш ќе ја отстраниме корисничката содржина од лица помали од 18 години, веднаш штом дојдеме до знаење за таквата.

15. Непосакувани идеи

Ние не ги прифаќаме или земаме во предвид било кои непосакувани идеи пренесени директно или преку било кој вработен во Grouper, вклучувајќи, без ограничување, идеи или предлози кои се однесуваат на нови производи или подобрување на постоечките, на имиња или технологии, на рекламирање и маркетинг кампањи, планови или други промоции. Не ни испраќајте нас, или на било кој од нашите вработени, несакани идеи, предлози, материјал, слики или други работи во било која форма ("Небарани Материјали"). Ако ни испратите несакани материјали, разбирате и се согласувате дека следниве услови ќе се применуваат, без оглед на испратено мотивационо писмо или други материјали кои сте ги испратиле:

  • Grouper нема обврска да ги разгледа било кои несакани материјали, ниту пак да ги чува доверливи; и  

  • Grouper ги поседува, и може да ги користи и редистрибуира несаканите испратени материјали за било каква цел без претходно информирање на испраќачот и без негово знаење

16. Политика на авторско право на трети лица

Grouper го задржува правото да го раскине договорот со било кој Корисник, кој постојано ги крши авторските права на трети лица, врз основа на претходно навремено известување до Grouper од страна на сопственикот на авторските права или правни агенти на авторските права на сопственикот. Без ограничување на горенаведеното, ако сметате дека заштитен материјал бил копиран или објавен на овој сајт на начин на кој ги прекршува правата на сопственост, би требало да го известите Grouper, со испраќање на следните информации: а) електронски или физички потпис на лицето овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права; (б) идентификација и локација на веб-сајтот кој ја содржи заштитената содржина, која Вие тврдите дека е злоупотребена; (в) писмена изјава од Вас дека имате добра волја и верување дека користењето на материјалот не е одобрено од страна на сопственикот, неговиот агент, или законот; (г) Вашето име и контакт информации, како телефонски број или e-mail адреса и (д) изјава од Вас дека горенаведените информации кои сте ги дале во Вашиот коментар се прецизни и точни и тврдење дека сте сопственикот на авторските права или овластени да дејствувате во име на сопственикот на авторските права

17. Општи услови за гаранција

КОРИСНИКОТ ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВОЈ САЈТ Е НА НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ GROUPER, НЕГОВИТЕ ОСНОВАЧИ И СОПСТВЕНИЦИ, НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, НИТУ НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ, СОРАБОТНИЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТОТ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО, БЕЗГРЕШНО, БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА (А) РЕЗУЛТАТИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД УПОТРЕБА НА ОВОЈ САЈТ, ИЛИ БИЛО КОЈА МИКРОСТРАНА, ИЛИ ЗА (Б) ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ ЦЕЛОСНОСТА НА (1) СОДРЖИНАТА НА СТРАНАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, УСЛУГИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ КОИ СЕ НУДАТ; (2) ОПИСОТ НА ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ; ИЛИ (3) КОРИСНИЧКА СОДРЖИНА ДАДЕНА ПРЕКУ САЈТОТ. 

ОВОЈ САЈТ И ЦЕЛАТА НЕГОВА СОДРЖИНА, КОРИСНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ, ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДИТЕ И ПРОДАВАЧИТЕ СЕ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БАЗА "КАКО ШТО СЕ" И "КОГА СЕ ДОСТАПНИ”. ДО СТЕПЕН ДО КОЈ ДОЗВОЛУВА ПРИМЕНЛИВИОТ ЗАКОН, GROUPER СЕ ОГРАДУВА ОД БИЛО КАКВА ОДГОВОРНОСТ И УСЛОВИ, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ НАЛОЖЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ И ОГРАНИЧЕНИ НА, ОНИЕ КОЈ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРЕКРШОЦИ, ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА.

18. Ограничување на одговорноста

ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ GROUPER, НЕГОВИТЕ СОРАБОТИЦНИ И НИВНИТЕ ОСНОВАЧИ И СОПСТВЕНИЦИ, ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ И СОРАБОТНИЦИ ИЛИ ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ И ПРОВАЈДЕРИ НА СОДРЖИНА НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КОИ ПОСРЕДНИ, СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ ШТЕТИ И КАЗНИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО (А) ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ, СОДРЖИНАТА, КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ СОДРЖАНИ НА САЈТОТ, (Б) ВАШАТА НЕМОЖНОСТ ДА ГО КОРИСТИТЕ САЈТОТ, (В) ПРОМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ПОСТАВЕНА НА САЈТОТ, (Г) ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ, УСЛУГИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ ПОНУДЕНИ ПРЕКУ САЈТОТ, ИЛИ (Д) ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА. ВО БИЛО КОЈ СЛУЧАЈ ОДГОВОРНОСТА НА GROUPER ВО ВРСКА СО GROUPER ВАУЧЕР НЕМОЖЕ ДА ГИ НАДМИНЕ СРЕДСТВАТА ПЛАТЕНИ ЗА ТОЈ ВАУЧЕР. 

ВО БИЛО КОЈ СЛУЧАЈ ОДГОВОРНОСТА НА ВЕБСПОТ ВО ВРСКА СО НАПРАВЕНА НАРАЧКА ИЛИ ОБЈАВА ОД БИЛО КАКВА ПРИРОДА; НЕ МОЖЕ ДА ГИ НАДМИНЕ СРЕДСТВАТА ПЛАТЕНИ ЗА ТАА НАРАЧКА. ВКУПНАТА АГРЕГИРАНА ОДГОВОРНОСТ И ОБВРСКА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ЗА КОЈА ВЕБСПОТ БИ МОЖЕЛ ДА ОДГОВАРА ВО СЛУЧАЈ ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА НАСАНАЛА ПО ВИНА НА ВЕБСПОТ НЕ МОЖЕ ДА ЈА НАДМИНЕ СУМАТА ПЛАТЕНА ОД КОРИСНИКОТ ЗА НАРАЧКАТА ОД КОЈА ПРОИЗЛЕГЛА ШТЕТАТА.  

КОРИСНИКОТ СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА БИЛО КАКВО БАРАЊЕ НА НАДОМЕСТ КОЈ ПРОИЗЛЕГУВА ОД ИЛИ Е ПОВРЗАН СО веб САЈТОТ МОРА ДА СЕ ПОДНЕСУВА  ВО РОК 1 (ЕДНА) ГОДИНА ОД ДЕНОТКОГА НАСТАНАЛА, ПО ИСТЕКОТ НА КОЈ РОК  ПОБАРУВАЊЕТО ПО ОВОЈ ОСНОВ ЗАСТАРУВА. . 

19. Електронска комуникација

Кога го користите сајтот или испраќате електронски (е-маил) пораки до Grouper, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на сајтот. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која Ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.

20. Содржина на трети лица

Grouper, слично како и секој Интернет сервис провајдер, е дистрибутер (а не издавач) на содржини, обезбедени од страна на трети лица и крајни корисници. Соодветно на тоа, Grouper нема уредувачка контрола врз таквите содржини како и секоја јавна библиотека или книжарница. Секое мислење, совет, извештај, услуга, понуда, или други информации или содржина изразени или ставени на располагање од страна на трети лица, вклучувајќи ги и информациите на услуги, или било која друга информација од Корисниците се на соодветниот автор или дистрибутер, а не на Grouper.

Во многу случаи, содржината достапна преку овој сајт претставува мислења и расудувања на одредени лица кои ги дале информациите на Корисникот или на други корисници под договор со Grouper. Grouper ниту поддржува ниту е одговорен за исправноста и веродостојноста на било кое мислење, совет, или изјава на сајтот од било кој, освен од овластен Grouper вработен. Под никакви околности Grouper нема да биде одговорен за било каква загуба или штета кај Корисникот предизвикано од негово потпирање врз информациите добиени преку Grouper. Одговорност на Корисникот е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, совет, или друга содржина достапна преку Grouper.

Grouper содржи линкови до веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. Овие линкови се ставени на располагање само како погодност за Вас, а не како наша поддршка на содржината на овие трети лица, и Grouper изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица. Ако Корисникот одлучи да пристапи до некој веб сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Освен ако Grouper експлицитно Ви дозволил да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови на Grouper кои водат до други страни. Grouper го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да Ве извести.

21. Право на евикција / одговорност на Корисниците 

Се согласувате да го браните и заштитите Grouper и неговите основачи и сопственици, вработени лица, директори, агенти и ангажирани лица од сите обвинувања и трошоци, вклучително и адвокатски трошоци кои произлегуваат од или се поврзани со: (а) било кој ваучер од продавач кој сте го купиле од сајтот, (б) било која содржина поставена од Вас, поврзана со сајтот или било кое користење на сајтот кое ги прекршува овие Услови на употреба, (в) измама која сте ја направиле Вие или (г) прекршување на било кои Закони на Р.Македонија или странски закони или права на трети лица. 

Само Вие сте одговорни за интеракцијата со Продавачите или другите корисници на сајтот. До степен до кој применливиот закон дозволува, Вие тука се согласувате дека го ослободувате Grouper од било кои обвинувања кои се поврзани или произлегуваат од купени ваучери од Продавачи за услуги или производи, било која активност на Продавачот, вклучувајќи, но не и ограничено на било каква штета која може да Ви е направена од страна на Продавачот.

Корисникот се согласува дека ќе ја обештети и нема да го смета за одговорен  ВЕБСПОТ ДООЕЛ Скопје, неговите одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, к