Работа во Grouper - Social Media ADS Manager

Имаме потреба од нов член во нашиот маркетинг тим. Бараме елоквентен креативец со аналитичен ум и претприемачки дух. Ако се пронаѓаш во описот и неможеш без социјалните мрежи, можеби си нашиот нов Social Media ADS Manager!

Што треба да знаеш:

  • Способност за брзо учење
  • Познавање на социјалните мрежи
  • Во тек со трендовите на дигиталниот свет
  • Copy-writing вештини
  • Се смета за предност> Познавање на Facebook Ads Manager

Што ќе работиш:

  • Водење на дневниот Facebook content за Grouper и Twitter
  • Креирање на платени кампањи на социјалните мрежи (Facebook и Instagram) преку платформата Facebook Ads Manager
  • Анализа и следење на KPI’s на кампањите
  • Идентификација на нови трендови, имплементација на нови алатки
  • Оптимизација на кампањите врз база на дневните резултати и добри практики
  • Креирање на месечни извештаи за сите кампањи
  • Придонес во креативата за различни маркетинг кампањи

Што очекуваме:

  • Отворена, комуникативна и мотивирана личност
  • Иницијатива и креативност
  • Способност за брзо учење и адаптирање

Како да аплицираш:

  • Испрати го твоето CV и мотивациско писмо на [email protected]
  • Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: Social Media Manager

За Нас

 

Grouper е првиот сајт за групни попусти и воедно лидер на пазарот на е-трговија во Македонија кој предизвика револуција во оналјн купувањето!

Мрежата на соработници брои над 2000 компании, над 100.000 корисници се регистрирани за купување на Grouper и над 500.000 посетители месечно.

 

[email protected]