Како работи Grouper.mk?

Grouper - Се на едно место!

Одбери > Купи купон > Користи и уживај

Grouper.mk секојдневно нуди најразлични зделки за  услуги, патувања и купони на попуст со најдобрите цени во моментот. Сега само еден клик, може да си нарачате храна до дома или да одберете производи од Grouper Shopping Mall за сечиј вкус и намена.  Доколку сакате да подарите избор и за тоа имаме решение, подарете Grouper гифт картичка со сума по Ваш избор.

Која е нашата Визија?

Нашата визија е да ги развиеме сите аспекти на е-трговијата, и да го претвориме Grouper во најголемата платформа за е-трговија на пазарот за двете страни:

Корисниците тука можат да најдат буквално се што им е потребно во најголемиот онлајн трговски центар, да бидат во тек со најновите попусти, да ги организираат своите идни патувања, да го најдат совршениот подарок, а секако се од тоа да го направат од удобноста на својот дом, или од каде и да се, преку мобилната апликација.

За компаниите ова е брз и едноставен начин да се промовираат, да објават зделки со попусти, да отворат своја онлајн продавница, да развијат маркетинг стратегија и да ги користат сите бенефити на е-трговијата со наша постојана поддршка.

Мисијата на Grouper е да биде вашиот локален водич низ градот за запознавање на нови ресторани, барови, салони за убавина, најдобрата масажа, највкусната храна, а секако да ви помогне и кога сакате да прошетате со цел да најдете добро сместување низ Македонија и надвор од неа. Секако тука е и Grouper Shopping Mall со најголем избор на продавници и производи низ цела Македонија. Со стотиците активни зделки секој ден нашето мото е сé што ќе посакаш #ПрвоПровериНаGrouper

Grouper има се за Вас! 

Зделки

Во секцијата за зделки може да ги најдете најголемиот попусти на услуги од најразлични категории: храна, едукација, здравје, убавина, релакс и многу други. Секој ден нови зделки кои ќе ви помогнат преку одлични цени да пробате нови искуства. Добивате најниски цени за услуги во градот и можност да дознете нови места и стекнете нови искуства.

Користи и уживај!

Сите купони и нарачки што ги имате направено може да ги најдете на вашиот профил во делот МОИ КУПОНИ. Нема потреба да ги печатите купоните, можете да ги прикажете од вашиот смарт телефон или таблет. Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата, купувајте каде и да сте и уживајте во добрите зделки и најголемите попусти!

Grouper Shopping Mall

Grouper Online Shopping Mall е најголемиот онлајн трговски центар кој ќе ги задоволи сите потреби на еден корисник, но и бизнис. Тука можете да најдете буквално сé што ви е потребно од производи, со достава до својот дом! Сакате да купите производи за домот, нега и убавина, се од облека и обувки, па дури најновите гаџети, може да најдете баш се!

Одберете го саканиот производ, кликнете купи веднаш, одберете подигнување од локал или внесете адреса за испорака и Вашата нарачка е комплетирана.

Храна до дома

Oва е новитет на Grouper преку кој можете да нарачате храна од дома – до дома! Ова е супер начин да продолжите да уживате во добри специјалитети доставени до вашиот дом за неполн час! Bon appetite!

Како да нарачаш?

  • Клик тука https://grouper.mk/hranadodoma

  • Одбери го омилениот ресторан

  • Кликни на омилената храна и стави ја во кошничка

  • Отвори ја кошничката, внеси ја адресата за достава и кликни плати

  • Честитки, ја нарачавте омилената храна до дома

Доколку нарачате храна нема потреба од покажување на купоните на доставувачот. По процесирање на нарачката дополнително добивате маил дека Вашата нарачка е процесирана и само вршите превземање.

 

Купони за попуст

Ова е исто така добро познат концепт кој е активен веќе подолго време на Grouper, а тоа е специјални купони со симболична цена со кои добивате голем попуст директно во продавницата за која се однесува промоцијата. Ги добивате најголемите ексклузивни попусти на премиум брендови.

Gift Картички

Ова е најбрзиот и наjлесен начин да набавите подарок. Grouper Gift картичка e вредноста картичка која може да се користи на Grouper. Вредноста ја бирате самите кога го правите купувањето, а картичката може да биде дигитална и да ја испратите веднаш до оној за кој е наменета, а нудиме и опција за физичка печатена гифт картичка доколку сакате да ја подарите на тој начин. Подарувате избор во рамките на буџетот кој го имате. Идеален подарок за секоја пригода.

Патувања

На Grouper може да го резервираш твојот викенд, летен одмор, зимски релакс, еднодневен шопинг или екскурзија по одлични цени.

Од нашите почетоци, па се до денес, однесовме илјадници корисници на најразлични дестинации. Секогаш ги нудиме најдобрите цени за хотели, туристички аранжмани и еднодневни екскурзии, а воедно и ги организираме најпознатите кампањи за патувања меѓукои и онаа омилената #ДестинацијаМакедонија. Добивате брз начин на резервација, големи попусти на хотели, вили, превоз, аранжмани за најразлични дестинации.

Креирај профил и истражувај!

Затоа, не чекајте, креирајте веднаш ваш сопствен Grouper профил или пак најавете се преку вашиот Facebook и одберете што најмногу Ви се допаѓа. За да бидете во тек со најатрактивните нови понуди (а ги има многу секој ден) зачленете за добивање на нашиот Newsletter.