ЧПП - Достава

Што треба да направам за да добијам достава?

Секој производ има различни услови за достава кои се наведени како информација во самата понуда. Потребно е да ја пополните формата за достава онлајн при купувањето на производот.

Доколку компанијата има различни услови за доставата истите се наведени во понудата.

За колку време се доставуваат производите нарачани со вклучена достава?

Секоја онлајн продавница има одредено време за испорака.

Производите се доставуваат во одредениот рок од продавницата по испраќање (процесирање) на нарачката, со исклучок на викенд денови и празници. 

Рокот на испораката е наведен во секоја понуда.

Одбрав дека ќе го подигнам производот, но сакам да ми биде доставен, како може производот да ми биде доставен?

Доколку не се оставени податоци во формата за достава, потребно е да се јавите на телефонскиот број од компанијата наведен во понудата со цел да се договорите во однос на барањето за доставата на производот. 

Доколку не сакам достава, каде можам да го подигнам производот?

Доколку онлајн продавницата нуди опција за подигнување, производот може да го подигнете од нејзините простории согласно периодот за подигнување наведен во понудата.

Дали добивам достава со сите производи кои се продаваат нa Grouper?

Доставата не е вклучена за сите производи на Grouper. Во секоја понуда во делот “ДЕТАЛИ ЗА ИСПОРАКА” е наведено доколку конкретниот производ има вклучено достава или е со превземање од продавницата.

Како да знам дека производот е процесиран и на пат? 

Откако компанијата ќе ја предаде пратката на доставувачот, ќе ја процесира вашата нарачка и ќе добиете потврда на маил дека нарачката е процесирана и на пат. 

Доколку имате дополнителни прашања во однос на доставата и рокот, не двоумете се да ја контактирате компанијата која го нуди истиот.

Податоците за компанијата (емаил и телефон) ги има во секоја понуда во Grouper Shopping Mall.

Што се случува доколку производот не е доставен во предвидениот рок? 

Доколку не го добиете производот во предвидениот рок, ве молиме контактирајте ја компанијата од која го имате нарачано на емаил или телефонски. Доколку повторно не го добиете по реакцијата пишете ни на [email protected]

Замена на производ: Како можам да го заменам производот кој го купив (производот е оштетен/нефункционален)?

За условите за замена потребно е да ја контактирате компанијата која го нуди производот во рок од 15 дена по купувањето на производот. Замената се врши само во случај кога производот е нефункционален, оштетен или доколку e испратен грешен производ. Производот може да биде заменет со нов само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.

Потребно е да пишете е-mail на компанијата од понудата со следниве податоци (или да контактирате телефонски): 

  • Име и презиме на примач на пратка за замена

  • Адреса

  • Телефонски број

  • Производ кој барате да ви биде заменет (причина за замена)

  • Купон код и пин код од производот кој барате да ви биде заменет

Замената се врши при достава на новиот производ.

Враќање на производ: Не сум задоволен од добиениот производ, како да го вратам?

Производот потребно е да се врати во просториите на компанијата во рок од 15 дена по купувањето. Трошокот за поврат е на сметка на купувачот. Производот може да биде вратен само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување. По враќањето на производот може да добиете поврат на средствата.

Дали производот морам да го подигнам лично?

Направената нарачка не мора да биде подигната лично, истата за вас може да ја подигне друго лице по претходна ваша согласност со прикажување на купениот купон на вработените.

Дали ми е потребен купон при примањето на нарачката?

Не ви е потребен испечатен купон при приемот на пратката. Доколку сте ги пренеле вашите податоци за достава до компанијата или пополниле формата за достава, производот ќе ви биде испратен до вашата адреса.