ЗЛАТНА ЗДЕЛКА: ПЗУ New 20's! До 57% попуст на скрининг за остеопороза, консултација со ендокринолог и ехо на тестиси/пенис, ендокринолошки преглед + проверка на хормони, медицински пакет за слабеење или ласерска епилација на пазуви во ПЗУ New 20's
Добивате
Понудата е за преглед/третман по избор
Опции на понудата:
Скрининг за остеопороза |
|
Консултација со ендокринолог и ехо на тестиси/пенис |
|
Ендокринолошки преглед (ехо на тироида) + проверка на хормони (TSH и FT4) |
|
Медицински пакет за слабеење |
|
Ласерска епилација на пазуви (6 третмани) |
|
*Подетално за опциите може да погледнете во делот ОПИС
Услови
- Купонот може да се искористи од 31.01.2023 до 20.03.2023
- Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжителна е претходна резервација
- Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.
Опис
Скрининг за остеопороза со современ апарат за квантитативна УЗ коскена дензитометрија (OSTEOSYS SONOST 2000)
Со стареењето на популацијата и подолгиот животен век, остеопорозата е сè почест глобален проблем. Се проценува дека една од 3 жени и еден од 5 мажи, во текот на својот живот ќе имаат “low impact” фрактура на ‘рбетот, колкот, карлицата или зглобовите на рацете и нозете. “Low impact” фрактурата е дефинирана како скршеница, која се јавува спонтано или со пад не поголем од стоечката висина. Најчесто, првиот знак дека пациентот страда од остеопороза е појавата на спонтана скршеница. Затоа, од исклучителна важност е да се направи скрининг за остеопороза со цел навремена дијагноза и третман.
Кај жените околу 50-та година од животот треба да се започне превентивно со скриниг, бидејќи со влегување во менопауза и намалување на естрогените хормони во телото се зголемува значително ризикот од остеопороза. Во естетската медицина остеопорозата предизвикува пад на лицевиот тонус. Доколку приметите нагло опаѓање на лицевиот тонус (кој што може да се корегира со апликација на хијалуронски филери) и доколку спаѓате во ризичната возрасна категорија, претходно ви препорачуваме да направите скрининг за остеопороза.
Задолжителен скрининг за остеопороза се препорачува кај:
- Жени над 65 годишна возраст;
- Постменопаузални жени помлади од 65 години, кои имаат зголемен ризик за остеопороза
- Лица над 50 години кои имале спонтана фрактура што не била резултат на физичка траума
Ендокринолошки преглед (ехо на тироида) + проверка на хормони (TSH и FT4)
Хормоните кои ги излачуваат ендокрините жлезди координираат и управуваат со голем број функции во организмот. Нарушувањето на нивната функција доведува до хормонален дисбаланс, кој може да резултира со низа здравствени проблеми.
Ендокринолошкиот центар во нашата клиника NEW 20’s нуди можност да се добие комплетна услуга на едно место, почнувајќи од превенција, соодветни совети, поставување на точна дијагноза на ендокринолошките заболувања, како и третман на истите со примена на најсовремени медицински стандарди.
Медицински пакет за слабеење вклучува:
- Консултација со специјалист ендокринолог
- Проценка на BMI
- Персонализиран начин на исхрана
- Комплетен физикален преглед
- Ехо на тироидна жлезда
- ЕКГ
- Препорака за соодветни лабораториски испитувања
- Препорака за терапија
Ласерска епилација на пазуви (6 третмани) со Light Sheer Desire од компанијата LUMENIS
Зошто да направите ласерска епилација?
- Најдобра опција да немате влакна.
- Поефтино ќе ве кошта од сите депилации направени во текот на годината.
- Третманот е безболен, безбеден и сигурен.
Медицинскиот апарат за ласерска епилација LIGHT SHEER DESIRE на LUMENIS е единствен на пазарот кај нас и е најнова технологија која е излезена до сега. Ласерската епилација се прави преку целата година.
За компанијата
Сеопфатен пристап кон долговечноста
Третманите кои што се насочени за зачувување на Вашата виталност можат драстично да го подобрат квалитетот на Вашиот живот и затоа за да се осигура долговечноста, најпаметниот избор што може да го направите за Вашето тело е да превземете предвремени чекори.
Дефинирање на терминот ANTI-AGING и регенеративна медицина
Терминот ANTI-AGING најчесто се дефинира погрешно, и се мисли дека подразбира третмани за подмладување со филери, ботокс, инекциони апаратни методи и друго. Тоа е само делумно точно и е дел од ANTI-AGING-от. Но, поголемата улога се дава на регенеративната медицина која ја нудиме ние во нашата клиника NEW 20’s.
Третманите кои ги нудиме против стареење се дизајнирани да го продолжат здравјето на клетките, да го поправат оштетеното ткиво и да го подмладат телото за да го зголемат
квалитетот на животот. Понекогаш поради нашиот начин на живеење, организмот доживува пореметување кое резултира со: несоница, стрес, анксиозност, пад на енергија и предвремено стареење, затоа превземањето на проактивни чекори навремено е неопходно.
Вие сте уникатни!
Додека секое тело ги има истите основни компоненти, ние сме многу различни на генетско и клеточно ниво. Затоа многу е важно да се разбере дека нашето тело е уникатно, а поради тоа третманите се различно ефикасни за секоја индивидуа.
Во NEW 20’s, ние превземаме вистински персонализиран пристап кон регенеративната медицина со што обезбедуваме индивидуализирани протоколи за третмани врз основа на Вашата медицинска историја. Ако сакате да ја зголемите својата долговечност и да го максимизирате периодот од Вашиот живот каде што може да уживате максимално, имате на располагање широк спектар на третмани на стареење кои ги нудиме. Се што треба да направите е да превземете проактивни чекори и да користите регенеративна медицина за да му помогнете на Вашето тело да се лекува.
Без разлика дали сакате да дознаете повеќе за Вашиот клеточен состав, да добиете поттик на Вашето патување до губење на тежината или да го подобрите Вашиот сон, ние сме тука да Ви помогнеме, и Ве очекуваме да резервирате консултација во нашата клиника NEW 20’s.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.