Остани Здрав! PCR или АНТИГЕНСКИ ТЕСТОВИ за патување по специјална цена од Клиника Жан Митрев (Лабораторија за Генетика и Персонализирана Медицина)

img

Цена од

1200 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Преостанато време

Купени: 2974

  • Бледски Договор 8, Скопје, Македонија

    Одведи ме таму

    02 3091 484 ; 02 3091 500

    [email protected]

Добивате

Ковид тест за патување по избор

Опции на понудата:

PCR ковид тест за патување (резултат: истиот ден) 2,000 ден.
Антигенски тест за патување (резултат: 20-30 мин.) 1,200 ден.

* Резултатите од тестовите ги добивате на е-маил или со телефонско известување
* Понудата важи само во Клиника Жан Митрев - Скопје
* Повеќе информации за тестовите, прочитајте во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 22.04.2021 до 06.08.2021
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Резултатите од тестовите ги добивате на маил или со телефонско известување
  • За резервација на термин за тестирање потребно е да се јавите на 02 3091 484 или да пишете на емаил: [email protected]
  • Тестовите може да се изведат и без претходно закажување
  • Тестовите може да се изведат само во Клиника Жан Митрев - Скопје
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот временски рок, средствата за истиот не може да бидат вратени

Опис

Тестот се извршува преку земање на примерок (брис) од нос/грло при што се изолира и анализира присуството или отсуството на генетски или протеински материјал од вирусот.

* Молекуларни тестови — PCR метода
PCR базираните тестови се најчесто, најсензитивните и најспецифичните тестови во био медицината бидејќи теоретски се способни да детектираат само еден молекул од вирусот во самиот примерок. За да се направи тестот, најпрво се зема примерок (преку брис) длабоко од грлото и носот на пациентот. Понатаму, од тој примерок се изолираат сите РНК молекули, преку реакција на реверзна транскрипција истите се претвораат во ДНК-молекули (кои се постабилни) и понатаму доколку тие уникатни региони од вирусот се присутни во примерокот, се детектираат преку real-time PCR. Резултатот се добива истиот ден.

* Брз антигенски тест 
Антиген базираните тестови се базираат на директна детекција на специфичен протеински материјал од вирусот преку пристап на латерален ток. За да се направи тестот, најпрво се зема примерок (преку брис) длабоко од грлото и носот или од назофаринксот на пациентот. Понатаму, од тој примерок се изолираат се екстрахираат протеини, преку реакција на латерален ток се детектираат присуството или отсуството на протеински материјал од вирусот. Нашиот тест е еден од ретките што се наоѓаат на листата на одобрени антигенски тестови од Светската Здравствена Организација и е прифатлив за патување во многу Европски земји. Резултатот се добива од 20-30 мин.

За лабораторијата

Лабораторијата за Генетика и Персонализирана Медицина во Жан Митрев Клиниката е првата приватна лабораторија којашто се вклучи во борбата со Коронавирусот.

Тестот се извршува преку земање на примерок (брис) од нос/грло при што се изолира и анализира присуството или отсуството на генетски или протеински материјал од вирусот.

Генетската лабораторија овозможува два метода на детекција на вирусот и како наши соработници би сакале да овозможиме поволност при користењето на овие услуги во нашата

За компанијата

Клиничката болница Жан Митрев е основана пред 20 години со визија за донесување на врвна медицина во Македонија. Од тогаш до денес, таа постојано расте и се развива обезбедувајќи перфекција во квалитетот на третманот на своите пациенти.

Прецизната и брза дијагностика, врвната хирургија и научно истражувачката работа овде се изведуваат стандардизирано од страна на искусниот тим лекари. Тие користат најнови методи и пристапи комбинирани со најсовремена опрема, што континуирано резултира со висок степен на задоволство кај пациентите.

Клиниката е модерна, беспрекорно организирана и технолошки напредна здравствена институција за што потврда е акредитацијата од JCI (Join Commission International) која означува применети највисоки стандарди за квалитет и безбедност на пациентите од лекарска грешка. Исто така поседува и државна акредитација за квалитет издадена од страна на АКАЗУМ (Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи).

Сместена е во енергетски ефикасен објект кој не произведува CO2, штеди енергија и не го нарушува балансот со природата. Таа е 100% ЕКО болница.

Имаме склучено договор со многубројни домашни и странски осигурителни компании и тоа им овозможува лекување на сите кои имаат приватно здравствено осигурување.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

jasmin.bogatinovski

Dali rezultatite od testot se prevedeni na Angliski jazik so sertificiran prevod?

Член на Grouper од: 18-03-2020

jovana

Здраво Јасмин, Ве молиме контактирајте ја клиниката на бројот 02 3091 484 или 02 3091 500 за да добиете подетални информации за вашето прашање.

Член на Grouper од: 01-12-2020

jovana

Ве информираме дека резултатите од тестот се издаваат и на англиски јазик, а на ваше барање може да бидат во електронска или печатена верзија.

Член на Grouper од: 01-12-2020
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.