img
img
img
img
img
img
img
img

5 ја следат оваа компанија


Сребрениот куфер

480 ден.

Опис

Во 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелија се справува со смртта на мајка си. Како што надоаѓа нова трагедија што ù дава уште повеќе причини за да ја негира верата на своите родители, се појавува неочекуван посетител кој ќе го смени текот на нејзиниот живот. Сама, со тешко бреме и уште поголема тајна, таа носи одлука што ќе ја прогонува низ целиот живот. Настаните од овој бурен период единствено ќе му ги довери на својот дневник, кој ќе ù биде замена за пријател и за молитва.

Многу децении подоцна, внуката на Корнелија, Бенита, минува низ лична криза, доживувајќи неколку загуби во само една недела, вклучувајќи ја и смртта на саканата баба. Емоционалниот и финансиски стрес што следува си го зема данокот од нејзиниот сопруг Кен, кој е невработен. На работ на развод, таа го открива дневникот на Корнелија. Со помош на дневникот, Бенита ќе појде на неочекувано патување што ќе ù донесе радост, исцелување и верба.

Детали за испорака

Испорака

За компанијата

Основана во 2005 година како репро студио со мисија да ги подигне стандардите во издаваштвото на повисоко ниво, денес Арс ЛАМИНА е најголемиот и најважниот издавач на академската и научната литература во земјата, со преку 500 објавени наслови од областа на економијата, правото и политичките науки, архитектурата и градежништвото, медицината, земјоделството, како и современата белетристика, преку објавување на преводи на македонски јазик на најпродаваните и најнаградуваните светски автори. Арс ЛАМИНА е на официјалната листа на 200 најуспешни компании во Македонија.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.