7 ја следат оваа компанија


ИСТАНБУЛ - (04.12 - 08.12.2020) - 3 ноќевања во хотел со 4* со појадок + превоз + водич + гратис разглед на градот за само 6138 ден (99 евра)

Цена

6138 ден.

  • ул. Аминта трети бр. 81/1 дп. 2

    Одведи ме таму

    02 609 1717, 078 399 853

    [email protected]

Добивате

Понудата е по лице со сместување во двокреветни соби

Услови

  • Купонот може да се искористи од 04.12.2020 до 08.12.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! 
  • За закуп трокреветна или двокреветна соба треба да купите соодветен број на купони
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон директно во агенцијата - 078 399 853
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот во агенција со цел да ја комплетирате резервацијата
  • ДОПЛАТИ - деца од 0 – 5,99 бесплатно; од 6 – 11,99 30% попуст; 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: 

  • Комплетна организација од страна на агенцијата со водич на патувањето
  • Превоз со високо туристички автобус (АС, ТV, WC..) на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • 3 ноќевања со појадок ВО ХОТЕЛ СО 4* во Истанбул во областа Пера на ТАКСИМ
  • Пешачки разглед на историскиот ден на Истанбул (Сина Џамија, Аја Софија, Хиподром, Капали Чаршија), Галата Кула и Таксим
  • Посета на најголемиот трговски центар во Европа – ФОРУМ, ДЕКАТЛОН И ИКЕА
  • Аранжманот е направен на минимум 40 патници
  • ПАТНИЧКО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ СО ЗАШТИТА ОД COVID-19
  • Посета на фабрика КОСКА

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна туристичка такса (1,50 евра по ноќ)
  • Индивидуални трошоци

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ВЛЕЗНИЦИ

  • ТОПКАПИ– со лиценциран водич- 20€
  • КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР– 20€
  • ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТАТА– со лиценциран водич – 25€
  • ТУРСКА ВЕЧЕРНА БРОД – 3 часовно крстарење, со вклучени традиционални турски јадења и неограничен пијалок – 40€
  • SAPPHIRE SEYIR TERASI– со вклучена 4D проекција – 15€
  • АЗИСКИ ДЕЛ НА ИСТАНБУЛ + ПРИНЦЕВСКИ ОСТРОВИ – посета на населбата Кадикој, Ускудар, Моминска Кула – 20€

ПАКЕТ  55€ (Домлабахче со лиценциран водич + Азиски дел + Крстарење = ГРАТИС влез на Моминска кула)

ПАКЕТ 70€  (Топкапи + Долмабахче + Seyir Sapphire Terasi + Азиски дел = ГРАТИС Крстарење по Босфор)

*Патувањето е од туристички карактер и потребен е избор на минимум 2 факултативи или еден пакет*

Опис

ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул.  Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

 

1. ДЕН (04.12. Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

 Состанок со групата во однапред договорено место и време. Поаѓање кон Истанбул во попладневните часови. Возење преку Република Бугарија со гранични регулативи и планирани попатни паузи.

 

2. ДЕН (05.12. Сабота) ИСТАНБУЛ – ИСТОРИСКИ ГРАД – ТАКСИМ – ГАЛАТА КУЛА

Пристигнување во Истанбул. Веднаш по пристигнувањето следува запознавање односно панорамски разглед на Истанбул: Бул. Аднан Мендерс, Аксарај, Валенсовиот аквадукт, Мостот Кемал Ататурк, Џамијата Мехмед Паша Соколовиќ, Златен рог, Бешикташ, Мостот Галата…По панорамскиот разглед се упатуваме кон хотел (сместување по 14ч), каде би можеле да ги оставиме стварите во просторијата за куфери и да се подготвиме за разглед на историски дел на Истанбул:

* ХИПОДРОМ – Византиски хиподром претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли.

* АЈА СОФИЈА  – Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 5 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6. до 13. век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. На 24. Јули 2020 година од страна на раководството на Р. Турција се претвори пак во џамија.

 * СИНА ЏАМИЈА (Султан Ахмет) – Најпознатата џамија во Истанбул која е воедно и првата џамија изградена со 6 минариња за време на Османлиската империја. Посветена е на султанот Ахмет I, а поради своите бои – сина, зелена и бела нанесени на плочки од порцела, го добива прекарот “ Сина Џамија “.

 * ТОПКАПИ ПАЛАТА – Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

 * КАПАЛИ ЧАРШИЈА –  Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт,тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века.

Слободно време за индивидуални активности. Враќање кон хотел и сместување. Време предвидено за одмор и релаксација. 

Вечерта можост за организирана посета на Галата Кулата и најпознатиот плоштад Таксим, заедно со една од најдолгите (2 км долга) шопинг улици во Истанбул, познатата ИСТИКАЛ. Враќање кон хотел. Ноќевање.

 

3. ДЕН (06.12. Недела) ИСТАНБУЛ – АЗИСКИ ДЕЛ – ПРИНЦЕВСКИ ОСТРОВИ

 Појадок. По појадокот се упатуваме кон Азискиот дел на Истанбул, прекрасно место за уживање покрај море. Единствена можност да се види Моминската кула, во Азиската населба Ускудар и да се ужива во прекрасната глетка, понатаму Бејлербеји, местото од каде се гледаат двата моста каде ќе имате шанса да пробате риба или некоја од другите турски специјалитети и пијалоци покрај Босфор.  Посетата на Азискиот дел, ја збогатуваме со посета на Принцевските острови, архипелаг составен од 8 мали островчиња. Како најголем се смета BUYUK ADA, чија што посета одблизу ќе ни овозможи да се запознаеме со локалната архитектура, која датира од османлиското владеење, збогатена со раскошно уредени паркови и каде единственото превозно средство кое може да се забележи се коњските кочии – пајтони. Следува слободно време за индивидуални активности, како и можност за уживање во некои од рестораните покрај брегот на мраморното море. Во попладневните часови враќање кон хотел. Слободно време, предвидено за одмор и релаксација.

Вечерта, можност за факултативно организираање на *ТУРСКА ВЕЧЕРА НА БРОД. Враќање кон хотел. Ноќевање.

 

4. ДЕН (07.12. Понеделник) ИСТАНБУЛ – ДОЛМАБАХЧЕ – КУЛАТА СЕИР САФИР

 Појадок.  По појадокот се упатуваме кон “турскиот Версај” односно добропознатата плата *ДОЛМБАХЧЕ која преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности.

Вечерта можост факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку   4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Враќање кон хотел. Ноќевање.

 

5. ДЕН (08.12. Вторник) ИСТАНБУЛ – ФОРУМ – ИКЕА – ДЕКАТЛОН – СКОПЈЕ

По појадокот следува напуштање на хотелот. Се упатуваме кон една од најстарите фабрики за традиционални турски благи производи КОСКА. По слободното време за дегустација, одиме кон еден од најголемите шопинг центри во Европа – ФОРУМ, ДЕКАТЛОН И ИКЕА. Во попладневните часови поаѓање назад кон Скопје со попатни паузи и гранични регулативи. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

За компанијата

Рапсоди травел енд ивентс е приказна која започна како ентузијастичка идеја на група млади луѓе за студентско организирање на апсолвентски екскурзии на своите факултети, а прерасна во концепт кој младите, но и повозрасните во Македонија го препознаа како свој начин на живот!
 
Брендот Рапсоди препознатлив во 15 европски земји е лидер во организацијата на младински патувања и забави во последните 10 години и кај нас. Во светот на Рапсоди границите на класичните патувања се одамна поместени – нудиме се само не обично патување, а за тоа сведочат повеќе од 30 000 задоволни патници.
Голем број на понуди за сечиј вкус, професионален однос, врвна организација, енергија и спомени кои остануваат засекогаш.
 
Ве покануваме на ролеркоустерот – Рапсоди начин на живот!
Уживај во движење заедно со Рапсоди травел.
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.