7 ја следат оваа компанија


Патувајте во Кападокија, Турција СЕКОЈ ЧЕТВРТОК - 4 Ноќевања со појадок + авионски превоз

Цена

18538 ден.

Вредност

24738 ден.

Попуст

25%

Заштеда

6200 ден.

  • ул. Аминта трети бр. 81/1 дп. 2

    Одведи ме таму

    02 609 1717, 078 399 853

    [email protected]

Добивате

ТЕРМИНИ:

Декември: 04.12 – 08.12/10.12 – 14.12/17.12 – 21.12/24.12 – 28.12
Јануари: 08.01 – 12.01/14.01 – 18.01/21.01 – 25.01/28.01 – 01.02
Февруари: 04.02 – 08.02/11

Услови

  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! 
  • За закуп трокреветна или двокреветна соба треба да купите соодветен број на купони
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон директно во агенцијата - 078 399 853
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот во агенција со цел да ја комплетирате резервацијата

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авио билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ (PEGASUS)
  • Аеродромски такси
  • 4 ноќевања со појадок во Кападокија во местото Ѓораме
  • Трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • Комплетна организација и реализација со водич на патувањето
  • Патничко здравствено осигурување со вклучена заштита од COVID-19

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Доплата за 1/1 соба – 80е
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Мистична Кападокија – 40е
  • Древна Кападокија – 40е
  • Летање со балони во Кападокија (1час) – 100-120е во зависност од типот на балон и бројот на особи
  • Традиционална турска вечер – 35е
  • Адреналинска QUAD BIKE тура – 25е

Опис

1. ДЕН (10.12 Четврток) – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАПАДОКИЈА
Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје 2 часа пред летот, по што следува чекирање и задолжителни пасошки и царниски формалности. Се полетува во 02:35ч.Слетување во Истанбул во 06:00ч по локално време. Следува преместување на домашниот терминал од каде што летот продолжува за Кајсери. Летот од Истанбул за Кајсери е закажан за во 14:20ч по турско време.
Слетување во Кајсери во 15:40ч. Трансфер до хотелот во местото Ѓореме во самото срце на Кападокија. Следува сместување во хотел. Ноќевање.

 

2. ДЕН (11.12 Петок) – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА (Црвена тура)

Појадок. По појадокот следува целодневен факултативен излет мистична Кападокија (северна т.е црвена тура). За време на оваа преубава тура ќе имате прилика да се запознаете со најубавите и најпознати предјадења на Кападокија. Излетот го започнуваме веднаш по појадокот, а нашата прва станица е величенствениот видиковец кој е сместен над градот Ѓореме, каде што од страна на локалниот водич ќе ги добиеме сите информации и занимливости за богатата историја на Кападокија и единствените камени формации, чиј географски облик е формиран пред околу 10.000 години.
По панорамскиот разглед се посетува замокот “Uchisar” и највисоката точка на Кападокија – музејот на отворено Ѓореме (кој е под заштита на УНЕСКО) во кој се сместени некои од најдобрите примероци од куќи и цркви во карпи.
Можност и за посета на традиционалната фабрика за грнчарство или некоја од продавниците за ќилими. Патот понатаму не води кон напуштеното село Чавушин и местото Аванос, по што правиме пауза за ручек каде што ќе ја дегустираме автентичната турска кујна.
На оваа тура ќе имате прилика да направите фасцинантни фотогравии во долината Пасабаг, како и во Монковата долина препознатлива по специфичните оџаци на куќите кои се во облик на печурка, како и во долината Деврент позната по своите карпи во облик на животни. Враќање назад кон хотелот во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.

 

3. ДЕН (12.12 Сабота) КАПАДОКИЈА ОД ВОЗДУХ (МАГИЧЕН ЛЕТ СО БАЛОН) – ТРАДИЦИОНАЛНА ТУРСКА ВЕЧЕР

Појадок. Во раните утрински часови нудиме доживување кое се памти! Можност за факултативно летање со балон над прекрасната Кападокија (поаѓање од хотел во 04:30ч). Покрај магичните впечатоци кои ќе ви останат во трајно сеќавање, Кападокија се издвојува и по шарените балони кои што претставуваат и прва асоцијација на овој магичен град и патувањето со нив е најомилената активност на посетителите. Факултативниот излет го започнуваме во раните утрински часови пред изгрејсонце, а самиот лет трае околу 1 час. Балоните немаат однапред испланирана рута туку летаат буквално каде што ги носи ветрот. Се искачуваме на 300м надморска висина, а под нас се наоѓа цела област прекриена со фантастични релјефни формации, кои се формирани од бел вулкански пепел, а нив локалното население ги нарекува “Вилински оџаци”. Преку стотина балони се истовремено во воздухот, додека ние уживаме фасцинантната глетка на изгрејсонцето. Чудесниот лет завршува со слетување во непосредна близина од местот од кое што сме полетале, каде што не чекаат комбиња кои не враќаат назад во градот. Враќање назад кон хотелот. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, следува факултативен излет – класична турска вечер со играње и музика како и традиционална храна и пиење. Уживајте во вечерниот програм и опуштете се со убавините на овој забавен програм кој трае до доцните вечерни часови. Во цената е вклучена неограничена конзумација на алкохолни пијалоци + вечера.
Враќање назад во хотел. Ноќевање.

 

4. ДЕН (13.12 Недела) – ДРЕВНА КАПАДОКИЈА (Зелена т.е јужна тура)
Појадок. По појадокот следува факултативен излет во претпладневните часови кој го започнуваме со посета на подземниот град Деринкују, кој е еден од најголемите подземни градови во светот. Во него некогаш живееле околу 50.000 жители на 8 различни нивоа и претставува најголем пронајден подземен град во Турција. Денес за туристички цели се отворени 4 нивоа, а шетајки низ тунелите ќе откриеме фасцинантни ванариим, кујни и соби за дневен престој кои датираат уште од 7 век п.н.е. Потоа одиме во долината Ихлара и проаѓаме низ долгиот кањон на реката Мелендиз, која претставува необична збирка на изрезбани карпи во кои се наоѓаат стотина куќички, испресечени со голем број рекички.
Ќе направиме пазуа во селото Белисирма, каде што ќе имаме слободно време за ручек. Излетот го продолжуваме до манастирот Селме, најголем камен манастир во Кападокија со огромна пештерска катедрала и преубав поглед на околината.
По враќањето во Учисар застануваме на преубавиот видиковец кој гледа кон голубовата долина, каде што ќе дознаеме зошто галебите отсекогаш имале посебно место во срцата на жителите на Кападокија. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. Ноќевање.

 

5. ДЕН (14.12 Понеделник) – КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Следува напуштање на хотелот и трансфер до аеродромот во Кајсери. Чекирање на летот за Истанбул. Летот од Кајсери до Истанбул е закажан за во 10:20ч. Слетување во Истанбул во 11:40ч. Чекирање на летот од Истанбул за Скопје кој е закажан за во (). Слетувањето во Скопје е предвидено за во ()

 

За компанијата

Рапсоди травел енд ивентс е приказна која започна како ентузијастичка идеја на група млади луѓе за студентско организирање на апсолвентски екскурзии на своите факултети, а прерасна во концепт кој младите, но и повозрасните во Македонија го препознаа како свој начин на живот!
 
Брендот Рапсоди препознатлив во 15 европски земји е лидер во организацијата на младински патувања и забави во последните 10 години и кај нас. Во светот на Рапсоди границите на класичните патувања се одамна поместени – нудиме се само не обично патување, а за тоа сведочат повеќе од 30 000 задоволни патници.
Голем број на понуди за сечиј вкус, професионален однос, врвна организација, енергија и спомени кои остануваат засекогаш.
 
Ве покануваме на ролеркоустерот – Рапсоди начин на живот!
Уживај во движење заедно со Рапсоди травел.
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.