0 ја следат оваа компанија


Математички текнувалки 5-6 години

280 ден.

Ве молиме одберете една од наведените опции!

Опис

Едукативен и интегриран прирачник по математика за деца од предучилишна возраст со современа концепција и структура!. Одобрено од Министерство за труд и социјална политика.

Двата лика ТЕКНУВАЛКА и ТЕКНУВАЛКО ги водат децата во математички истражувалки, решавалки и неверојатни патувалки.

Прирачникот е компитабилен со принципите и аспектите на програмата за рано учење и развој со примена на холистичкиот пристап во обработката на содржините. Активностите се длабоко осмислени со различни илустративни и содржински креативни решенија за интегрирање на целите и задачите од повеќе воспитно-образовани подрачја и различните аспекти од развојот на детската личност. Прирачникот е погоден за индивидуални активности на децата, за развој според сопственото темпо и за неговото следење од страна на возрасните. Воедно даваат одлична можност и за воспоставување на интеракции и комуникација на релација дете-дете и дете возрасен. 

МАТЕМАТИКАТА Е СЕКАДЕ ОКОЛУ НАС!
Математиката е музика, танц, движење, цртање, боење, говорење, емоција.
Математиката е дружење, играње, мислење и текнување.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 1200 денари
  • За нарачки под таа сума се доплаќа 130 денари
  • Време потребно за достава: 1-3 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 02 3119 400; 072 307 731; 075 324 554
  • Види ја продавницата на "ЕДУКА МАК" овде
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од од книготеката (канцелариите) на ЕДУКА МАК, на ул. Михаил Цоков, бр. 2/2-12 – Дебар Маало, спроти влезот на Општина Центар.
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

Издавачката куќа ЕДУКА МАК е формирана во 2013 година, која со својот прв издавачки потфат - списанието за деца СМЕШКО, а подоцна и со списанието Супер СМЕШКА, ги освои децата и се промовираше пред македонската публика како современа издавачка куќа, која со помош на своите соработници зачекори во создавање и издавање едукативни наслови за деца од предучилишна и раноучилишна возраст. Создаде дидактички средства, методски засновани, со цел преку нивните содржини да се развива логичкото мислење кај децата, да се поттикне развојот на моторните способности, да се усвојат нови поими, сообразени со возраста. Најголемата цел што не инспирира и кон која се стремиме се ДЕЦАТА. Ние сме најсреќни кога чувствуваме дека правиме промени во светот на децата, внесуваме новини во нивниот развој и постојано придонесуваме да растат насмеани, среќни и весели. Мисијата на ЕДУКА МАК е ЕДУКАЦИЈА на децата од најрана возраст со нови современи едукативни материјали и прирачници што ја следат Програмата за рано учење и развој. Создавајќи нешто ново за децата со голема страст и одлучност, тимот на ЕДУКА МАК неуморно работи на реализацијата на идеите со многу умешност и трпеливост, следејќи ги современите тенденции во издавачката дејност. Освен вработените во процесот на создавањето и издавањето на изданијата за деца учествуваат голем број надворешни соработници кои со незапирлив од и амбициозност и со многу енергија создаваат современи добри дела за идните генерации.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.