Нега и грижа на изнемоштени, стари и болни лица! Платете 3600 денари (капар) и добијте до 19% попуст на месечен престој во дом за стари лица Panada

img

Цена

3600 ден.

Преостанато време

Купени: 1

  • Panada / Панада | Dom za stari lica / Дома за стари лица, Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    072 626 992

    [email protected]

Добивате

Платете 3600 денари (капар) и добијте до 19% попуст на месечен престој во професионалната установа, дом за стари лица "Panada"

1. Редовна цена на престој, нега и грижа за неподвижни лица: 31 000 ден.

  • Цена со Grouper купон: 24 900 ден.
  • доплатата од 21 300 ден. се врши директно во домот

2. Редовна цена на престој, нега и грижа за подвижни лица: 27 000 ден.

  • Цена со Grouper купон: 23 900 ден.
  • доплатата од 20 300 ден. се врши директно во домот

Услови

  • Купонот може да се искористи од 17.07.2020 до 31.12.2020
  • Задолжително е лицето да има направено тест за Covid 19
  • Понудата важи еден месец од датумот на пријавување и престој во домот
  • Во случај на смрт на лицето кое престојува во домот средствата не се враќаат
  • Понудата важи само за нови клиенти

Опис

„ Панада “ е објект на 8 нивоа со многу природна светлина во внатрешноста. Сместен на површина од 2510 m2. Вкупната квадратура на установата изнесува 600 m2 и канцеларијата со магацински простор 180 m2
 
Панада располага со Тв, клима, интернет пристап, лифт за неподвижните лица, 20 сончеви колектори кои овозможуваат 24 часа топла вода, сопствено парно греење како и камин, паркинг, перална, одреден простор за пушачи и многу други поволности
 
Хигиената во "Panada" е на прво место и на врвно ниво! Редовно се вршат дератизации и дезинфекции и се внимава на сите детали околу хигиената. Вработени се хигиеничарки кои секојдневно се грижат за комплетна беспрекорна хигиена во објектот, дворот и се она што ги опкружува клиентите.
 
Нега и грижа за стари и изнемоштени лица
Медицинската сестра е тука 24 часа и се грижи за доставување на клиентите секаков тип терапија што е по налог на лекар, како: инфузиона, таблетарна, ампуларна, преврски и слично.  Негувателките т.е геренто – домаќинките се исто така 24 часа. Тие се грижат за комплетна нега на клиентите. Ги хранат тие што не можат да се хранат, ги бањаат тие што не можат да се бањаат, менување пелени и чистење катетер на тие што се во таква состојба, бричење, шишање, фарбање и фризури, депилирање, комплетна нега и хигиена, како и помош при влегување, движење и слично.

Клиентите во Панада добиваат 5 оброци  т. е 3 главни оброци и 2 ужини во текот на денот. Ручекот е хотелски систем т.е содржи супа, салата, манџа и меса, десерт и овошје. Ако клиентот е поизнемоштен, интернистката го прави менито да координира со здравствената состојба на клиентот, во тој случај се готви посебно за тој клиент. Панада се труди да им обезбеди на клиентите што подобар избор на домашно зготвена храна од македонската кујна, се приготвуваат зимници како и компот, слатко, мармалад, од сезонското овошје. На клиентите храната им се служи и во собите доколку не сакаат или не можат да престојуваат во дневниот престој. Оваа услуга им е достапна на клиентите 24 часа.
 
Физикална терапија
Панада располага со два современи компјутери од италијанско потекло за физикална медицина и рехабилитација. Едниот е магнетна терапија, а другиот е сите видови електро терапија. Воведовме и светлосна терапија (ИЦ и УВ). Искусен физиотерапевт ги прави мануелните масажи, кои се медицински и релаксациони, како и масажи со електрични масажери.

Активни и пасивни вежби, вертикализација, раздвижување, разодување со разни помагала до самостојно проодување со комплетни вежби за зајакнување на мускулатурата, е само дел од она што ќе ви помогне да зајакнете и да ви се врати самодовербата.

Третираме: спондилоза, спондилоартроза, дископатии, лумбоишијалгија, артроза на зглобови, остеопороза, ревматски заболувања, парези и парализи на нерви, скршеници на коски (замена на колкови) и слично.
 
Амбуланта - Панада Медикал
Во склоп на домот за нега и грижа Панада, во 2006-та година е изградена и функционира амбулантата Панада Медикал. Панада Медикал е приватна здравствена установа која работи по принцип матичен лекар кој е на располагање на сите клиенти на Панада, како и на месното население. Припремена е со ЕКГ, апарат за мерење на шеќер во крвта, притисок, комплетен сет за обработка на декубити, инхалатор, аспиратор, ламби за декубити, како и инфрацрвена ламба, помагало за клистирање, кислородни боци, апарати за вежбање и слично. Во Панада Медикал имаат визита и интернист, кардиолог специјалист како и невропсихијатар во одредени термини од неделата.
 
Кардиолошките прегледи ги извршува специјалист, интернист, супспецијалист-Кардиолог Др. Лидија Ристовска
Прегледи:
Ехокардиографија со колор-доплер дијагностика
Ехо и колор доплер (дуплекс) на картоидни артерии
Ехо и колор доплер на периферни артериски и венски крвни садови
Коронарен стрес тест
Холтер за ЕКГ за ритам
Холтер за крвен притисок
Ехосонографија на абдомен/простата
Ехосонографија на штитна жлезда
Тиреоиден статус и терапија
Екслузивна еходијагностика на дојка и меки ткива
Спирометрија
ЕКГ со толкување
 
 
Социјален работник
Социјалниот работник е секојдневно со клиентите, со индивидуални и групни активности, како и вежби за помнењето. Таа се грижи за нивниот социјален живот, како во установата, така и надвор од неа. Кога условите дозволуваат организирани се и прошетки до манастири, трговски центри, парк, театар и други места. Често "Panada" организира музички и други настани во присуство на познати пеачи или глумци кои претставуваат вистинска релаксација за клиентите. Исто така, доколку можат клиентите одат на прошетка покрај Вардар кој што е оддалечен 30м од "Panada". Освен ова, тие уживаат во огромниот двор каде има летниковци за седење, фонтата и многу цвеќиња. 
 
Превоз на клиенти
Со цел да им излеземе во пресрет на нашите клиенти и нивните најблиски од 2009-та година Панада располага со транспортно возило за превоз на изнемоштени стари лица во лежечка состојба. Возилото е на располагање 24 часа на ден секој ден во неделата. Се што треба е да не контактирате и нашата стручна екипа во најкусо можно време ќе го изврши превозот од вашиот дом, болница или било кое друго место до Панада.
 
Зошто "Panada"
Стотици луѓе од Македонија секоја година доаѓаат во фаза во која е очигледно дека треба да се преселат во дом за стари лица. Како за нив така и за нивните најблиски ова е тежок процес. Ние во Панада ја разбираме Вашата ситуација. Знаеме како се чувствувате. Го водиме овој дом со љубов спрема работата и им пружаме искрена грижа на постарите лица. Често споменуваме дека нашите клиенти не се сместени во дом туку ние работиме за нив исто како во нивните домови. Кога тие се тука со нас, тие се нашата фамилија. Зошто Панада? Затоа што искуството е од неизмерна важност за ваков тип на установа а ние нудиме неизмерна грижа и љубов кон постарите лица веќе 15 години.
 
Како изгледа еден ден во Панада?
 
Панада е професионална установа за нега и грижа на изнемоштени, болни и стари лица. Негата и грижата се половина здравје, затоа ние им нудиме 24 часовна медицинска нега со социјален работник, искусни медицински сестри, геренто-домаќинки и физиотерапевти. Се прилагодуваме кон навиките на човекот и немаме строг распоред, па на кратко вака би изгледал еден ден во нашиот дом:
  • Будење на лицата по нивна желба без распоред
  • Лична хигиена ( миењe заби, бањање, бричење, како и фризури по потреба)
  • Доручек
  • Преглед од лекар
  • Ужина
  • Физиотерапија
  • Ручек
  • Социјални активности со социјалниот работник (разговор, шетање, играње карти, тв, организирање еднодневни екскурзии)
  • Ужина
  • Слободни активности, а во меѓувреме се чистат собите
  • Вечера

За компанијата

„Панада“ е приватна професионална установа за нега и грижа на изнемоштени, стари и болни лица. Лоцирана на само 20 минути од центарот на Скопје, во викенд населбата Орешани. Во прекрасна и зелена средина, недалеку од р.Вардар . Изолирана од градската врева и загаденост.

За вас или вашите најблиски изнемоштени, болни и стари лица овозможуваме 24 часовна медицинска нега и грижа, со тим составен од социјален работник, искусни медицински сестри, геренто-домаќинки и физиотерапевти, кој со широка насмевка ќе ви помогнат во секој момент . Лекар секогаш на повик, од која специјалност и да е потребна, кој се грижи и труди вашето здравје комплетно да се подобри.

Во употреба е и најсовремена апаратура за физикална терапија која допринесува опоравување од безброј болести и состојби . Физиотерапевтот со мануелните масажи, активните и пасивните вежби, масажите со електрични масажери, вертикализацијата , разодувањето и раздвижувањето со сите видови помагала па се до постабилно движење , ќе ви овозможи да се чувствувате многу години помлади, посреќни и позадоволни.

Управител на Панада е Бранко Томовски, лицето кое е одговорно за функционирање на целокупниот дом, персоналот и  клиентите. Tочно знае како треба тоа да го направи „Пациентот е секогаш во право, ние сме тука со насмеано лице да им помогнеме на сите на кој тоа им е потребно“

Персоналот во Панада се состои од социјален работник, медицински сестри, геренто-домаќинки, готвачи, помошнички и готвачки, перачки, хигиеничарки и физиотерапевт. Бројот на вработени во една смена е соодветен на законски пропишаниот услов

ПАНАДА ГО ПРОДОЛЖУВА ВАШИОТ ЖИВОТ!

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.