Промотивна цена на PCR Ковид Тест (важи и за патување) или брз антигенски тест по избор во Genea Lab
Добивате
Опции на понудата:
Брз антигенски тест | 680 ден. |
PCR Ковид Тест | 1,050 ден. |
*За PCR Ковид Тестот резултатот се добива во текот на денот, а за брз антигенски тест резултатот се добива во рок од 30 мин.
*Резултатот од тестот го добивате на е-маил (или може да го превземете од web страната со password кој ќе ви пристигне по sms)
*Негативниот резултат од PCR тестот може да се користи за патување и преминување на граница. (При пополнување на формуларот наведете дека ви е потребен и го добивате на англиски јазик)
Услови
- Купонот може да се искористи од 07.04.2022 до 30.11.2023
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжително е претходно закажување на термин.
- Закажувањето е на следниот линк: https://genea.mk/kontakt-forma-za-zakazuvanje-na-termin/ (добивате повик за потврда)
- Резултатот од тестот го добивате на е-маил (или може да го превземете од web страната со password кој ќе ви пристигне по sms)
- Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.
Опис
Што треба да знаете за лабораториските анализи доколку сте позитивни на Ковид-19 или пак се сомневате дека сте позитивни?!
Најверодостоен тест во моментот за утврдување на присуство на вирусот е PCR тест (polymerase chain reaction) методата.
Примерокот (брисот) се зема надвор, без влегување во затворени простории (во центарот на градот, на мирно место и без гужви).
Примерокот за узорзирање е назофарингеален и орофарингеален брис (подлабоко земен брис од грло и нос), но вирусот исто така се детектира и во други телесни течности. Оваа метода утврдува присуство на РНК од вирусот Sars-CoV-2 на молекуларно ниво. Позитивниот резултат потврдува дека вирусот е детектиран, но не дава информација во кој стадиум е болеста.
По добивање на позитивен резулатат се препорачува да се направат лабораториски анализи за утврдување на општата состојба на организмот. Досегашните сознанија за вирусот Sars-CoV-2 е дека најмногу ги напаѓа системот за коагулација и белите дробови. Но, секој организам може да реагира различно и исклучително важно е следење на целокупната сосотојба на организмот.
Аври панел: Во време на настинки и вируси, AVRI панелот Ви овозможува точна и брза детекција на најчестите предизвикувачи на акутни вирални респираторни инфекции со Real time PCR метода. Со оваа молекуларна анализа можат да бидат детектирани Influenza А virus, SARS-CoV- 2 coronavirus, Influenza В virus ,Human parainfluenza virus type 2 ,Human parainfluenza virus type 4, Human bocavirus ,Human rhinovirus , Human respiratory syncytial virus ,Human adenovirus , Human parainfluenza virus type 3, Human parainfluenza virus type 1 ,Human metapneumovirus .
За компанијата
Ние сме лабораторија која претставува линк меѓу лабораториските податоци и дијагнозата. Обезбедувајќи лабораториски тестови, здравствени услуги и интерпретација на резултати за пациентите и докторите, се стремиме кон унапредување на грижата за здравјето на пациентите. Основани во 2015 година како дел од поликлиника, паралелно се развивавме со потребите на пациентите од една страна и развојот на медицината и потребите на докторите од друга страна. Се прилагодуваме на индустријата што се развива и постојано инвестираме во ресурси, што ќе му користат на целокупниот здравствен систем. Фокусирани сме на потребите на утрешниот ден – оној што го градат специјалистите по медицинска биохемија, за лекарите и за пациентите.
Genea Lab e дијагностичка лабораторија која што изработува хематолошки, биохемиски и имунолошки анализи.
Дијагностичката биохемиска лабораторија водена од специјалист по медицинска биохемија изработува голем број на хематолошки, биохемиски и имунолошки анализи во кои спаѓаат крвна слика, електролитен статус, метаболизам на железо, хормони, тумор маркери и уште многу други. Во истата се спроведува надворешна контрола на резултатите, како дел од програмата PREVECAL. Анализите кои не се работат во нашата лабораторија и држава се праќаат во соработничка лабораторија во Германија.
Молекуларна лабораторија: со real-time PCR метода
Молекуларната лабораторија е опремена со најсовремената опрема за изработка на генетски, вирусни и бактериски анализи со real-time PCR метода. На молекуларно ниво може да се одреди присуство/отсуство на одреден патоген, како и мутации во одредени гени.
Genea Lab е исто така застапник на светски позната германска генетска лабораторија CENTOGENE во која се изработуваат генетски тестови. Тука се трансформираат клиничките и генетските податоци во медицински решенија за пациентите и фармацевтските партнери.
Во лабораторијата се тестираат повеќе категории на болести:
- Кардиоваскуларни
- Ендокринологија
- Метаболни нарушувања
- Офталмологија
- Дерматологија
- Хематологија
- Нефрологија
- Коскени нарушувања
- Дисморфологија
- Хепатологија
- Неврологија
- Пнеумологија
- Уво, нос и грло
- Имунологија
- Онкологија
- Репродуктивни
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.